САД најавуваат нова „црна листа“ за Западен Балкан
Соединетите Американски Држави најавуваат подготовка на нова „црна листа“ за земјите од Западен Балкан. Донесувањето на оваа мерка следи по одлуката на американскиот претседател да ги продолжи вонредните мерки воведени уште во 2001 година.
Оваа политичка иницијатива уште еднаш ја потврдува решеноста на Вашингтон да реагира против поединци и групи кои го загрозуваат мирот и стабилноста во Балканскиот регион, со особен акцент на Македонија, Босна и Косово.
Се очекува новата листа на санкционирани лица и компании да биде изработена од Канцеларијата за контрола на странски средства, а таргетирањето ќе се фокусира на високи функционери и фирми поврзани со корупција, воени злосторства и екстремистички активности. Предвидените мерки вклучуваат замрзнување на имот, забрана за влез во САД и прекин на сите финансиски трансакции со американски субјекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…