Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска

t

По денешниот повторен обид од страна на власта случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Данела Арсовска, ја испраќаме нашата реакција до криминалните политички опции кои случајот да го политизираат наместо да го осудат. Наместо да застанат наспроти криминалот, тие сите се во коалиција да го штитат Висар Ганиу со месеци и без срам промовираат дека градоначалничката тепала маж командант сред Чаир.

Институционално не можеме да поверуваме дека на МВР не му се гледаат 150 небезбедни згради дивоградби на 12 спрата, кои сега дозволуваат да продолжат да се градат и покрај тоа што се пријавувани уредно.

Град Скопје ве прашува господа од власта, нели рековте ќе бидете подобри од тие пред вас, ќе донесете правда, ете тие не постапувале 2 години, ама и вашата прва година власт излезе КАКО И ДО СЕГА. Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…