Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта на средните училишта Панче Арсовски, Сарај и Васил Антевски Дрен, реконструирани се и спортски сали
Годинава се реконструирани спортските игралишта на средните училишта на Град Скопје, Панче Арсовски, Сарај и Васил Антевски Дрен, додека во училиштата Ѓорѓи Димитров и Марија Кири Склодовска реконструирани се целосно спортските сали, напиша на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Во рамки на активностите и во средното училиште на Град Скопје Кочо Рацин учениците сега имаат пристап до реконструирано спортско игралиште за кошарка, кое им овозможува на средношколците и наставниот кадар одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување, и рекреирање.
Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување спортски реквизити во средните училишта за младите и лицата со попречености, како и надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места на училиштата, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците. Преку овие инвестиции им се овозможува на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци да тренираат и да се надградуваат, а фискултурните сали, фитнес зоните и надворешните спортски терени стануваат одлично место за спортување и дружење на младите, напиша Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…