Град Скопје и скопските општини ги наградија најдобрите професори и наставници

t

По повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, Град Скопје и општините Кисела Вода и Аеродром им доделија признанија на наставници и професори кои во изминатиот период се истакнале со својата работа, посветеност и професионален развој.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски порача дека улогата на наставниците не завршува во училницата, туку остава трага кај генерации ученици.

„Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале. Некој чие ‘ти можеш’ ни дало храброст да направиме важен чекор во животот. Да се биде учител значи да се остави трага во нечие растење, во нечии соништа и во нечии успеси“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека зад признанијата стојат часови подготовка, постојано усовршување и желба секој ученик да добие подобро образование.

Во Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска им врачи признанија на 18 истакнати просветни работници. Изборот бил спроведен преку јавен оглас и стручна комисија, врз основа на успесите на учениците на државни натпревари и континуираното стручно усовршување на наставниците.

„Вие, со вашата работа, докажувате дека образованието не е само професија, туку благородна мисија која се работи со многу љубов и трпение. Вашите успеси се директен доказ за посветеноста кон нашите деца. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува вистинскиот квалитет и останува ваш силен партнер во обезбедувањето подобри услови за работа“, изјави Стаменкоска-Трајкоска.

Во Општина Аеродром, пак, најдобрите наставници од осумте основни училишта добија признанија и парични награди во висина од 10.000 денари.

Признанијата ги врачи градоначалникот Дејан Митески, кој им се заблагодари на наставниците за нивната посветеност и им посака уште поголеми успеси во нивната кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…