Град Скопје: Набавени се најсовремени интерактивни табли за 23 средни училишта

t

Град Скопје информираше дека набавил 23 дигитални табли, за секое од 23-те средни училишта на територијата на градот.

„Градот Скопје реализира уште едно ветување од програмата “За Модерно Скопје” во која е предвидено унапредување и модернизација на образовните институции на градот Скопје.

За опремување и модернизација на 23те средни училишта на Град Скопје, набавени се најсовремени интерактивни дигитални табли со цел следење на трендовите на дигитализација во образованието. 

Современите интерактивни дигитални табли имаат можност за безжично поврзување со повеќе уреди и шест микрофони способни да го преклопат секој амбиентален шум. Taблите имаат вклучена камера со ултра широк агол од 120°, а квалитетот на сликата 4K Ultra HD обезбедува совршена боја и детали. Екранот на допир од термички обработено калено стакло спречува оштетување на панелите, а оптичката технологија овозможува јасен и видлив екран од секој агол што е важно за учениците во образовниот процес. На овој начин преку можностите кои ги нудат интерактивните дигитални табли се олеснува процесот за учениците и наставниот кадар.“, велат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…