Град Скопје нема да биде под уцена на криминалци: Вработен кој и во минатото сторил тешки кривични дела го нападнал секретарот на Градот

t

Градот Скопје не смее и нема да биде под уцена од криминалци, велат од Градот како објаснување за шпекулациите кои кружеа во јавноста во изминатите неколку денови поврзани со секретарот на Градот Скопје, за кој дел од медиумите пренесоа дека нападнал вработен во Градот, што е потполно неточно.

Во соопштението до јавноста се објаснува дека всушност лицето Елвис Симоновски го нападнало секретарот Зоран Глигоров и истото има повеќе кривични дела зад себе.

– Лицето Елвис Симоновски, на ден 09.01.2023 извршил кривично дело, физички и вербално напаѓајќи го секретарот на градот Скопје во присуство на повеќе вработени од градот, за што е уредно пријавен во МВР кое постапува по пријавата.

Елвис Симоновски е отстранет од работното место поради тешка повреда на работното место, нарушување на работниот процес, прекршување на актите за работа и законот.

Санкционирањето на вработени за кршење на работниот ред и дисциплина и тешки повреди на работниот процес е определено со закон и подзаконски акти и не подразбира мобинг. За овие тврдења, лицето ќе има можност покрај кривичната пријава, вистината да ја докажува и пред надлежниот суд.

Инаку лицето Елвис Симоновски има казнена евиденција и кривично досие. Во повеќе наврати е пријавуван за извршени кривични дела и тоа за фалсификување на исправа, за затајување и тешка кражба. Тоа што ова лице имало поддршка од неговите партиски колеги за толерирање на неговото непрофесионално однесување не значи дека оваа градска администрација ќе подлегне на ваквите партиски притисоци. – објаснуваат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Претепан вработен во казино од три лица…

Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје,…

Прегазена 65-годишна жена во Скопје

На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР…