Град Скопје: Неписменоста на советниците на ДПМНЕ блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала
Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје, реагираат од Градот по денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
– Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот.
Градот Скопје апелира до ДПМНЕ да престанат да се бламираат во јавност. Доволно е што веќе јавноста е жртва на нивната неписменост и некомпетентност.
Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата на Р.Македонија ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје. – велат од Градот Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…