Град Скопје опреми нов кабинет со преносни компјутери во средното училиште “Сарај”
Град Скопје започнува низа проекти за младите со цел овозможување квалитетни можности за младите, меѓуетничка интеграција на младите во образованието, зајакнување на компетенциите и учеството на младите луѓе во креирањето политики, како и поттикнување на младински претприемачки вештини, информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Во средното училиште на Град Скопје „Сарај“ опремивме нов кабинет со преносни компјутери, каде се обезбедува современа и квалитетна настава за учениците. Со градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, го посетивме и Центарот на младинската заедница во рамки на училиштето кој го координира Незране Рустеми, како простор за воншколски активности за младите од Сарај, напиша Арсовска на Фејсбук.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…