Град Скопје: Перински ги потона во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ во последните две години

t

Градот Скопје реагира на изјавата на министерот за локална самоуправа Перински.

– Добро е што министерот за локална самоуправа Перински во вечерашното интервју призна дека на средбата во Владата бил понуден план за санирање на состојбите во градот Скопје, а добро е и што призна дека градот е ликвиден, консолидиран и има сопствен финансиски капацитет да набави нови еколошки автобуси.

Со ова паѓаат сите лаги кои во последниве две години ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ.

Ја поздравуваме искреноста на Златко Перински и повторуваме дека е точно дека градот Скопје може сам да набави 250 еколошки автобуси. За тој проект како министер за локална самоуправа сепак Перински би требало да знае дека набавката мора да биде изгласана и одобрена од Советот на град Скопје каде мнозинство има токму ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Токму нивните советници 22 месеци гласат против одлуката за набавка на нови автобуси.

Доколку Перински смета дека може да апелира до советниците да гласаат за оваа одлука, подготвени сме да закажеме вонредна седница на Советот со цел изгласување на одлуката за набавка на нови еколошки автобуси. – велат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…

Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…