Град Скопје соопшти: Решени повеќе од 1400 барања од граѓаните
На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.597 барања, од кои решени се дури 1.437. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на даночните прашања, уредувањето и одржувањето на зеленилото на јавните површини, како и проблеми со јавниот превоз и чистењето на диви депонии, информираат од Град Скопје.
На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени, стои во соопштението на градската управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…