Град Скопје со голема помош за ФК и РК Вардар!
Последниот работен ден во 2023 година донесе голема радост во поголем број спортски колективи во престолнината, откако добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје во вид на финансиска помош, по претходна пријава на огласот за распределба на средства наменети за спорт.
Официјално не е познато кои се колективи и по колку пари добиле, ама според шпекулациите најдобри минале фудбалскиот и ракометниот тим на најголемиот македонски спортсаки бренд Вардар. На фудбалерите, неофицијално, им биле префрлени 12 милиони денари, додека ракометарите добиле шест милиони, сум со кои и тоа како ќе го подобрат работењето.
Тоа особено се однесува за фудбалскиот колектив на црвено-црните, кој со оваа голема финансиска инјекција, повторно неофицијално, ги исчистил сите долгови кон играчите и тренерите од есенската полусезона. Не е за потценување ниту сумата за ракометарите на Вардар, кои со овие речиси 100.000 евра и тоа како ќе може да работат на подобрување на тимот, за што и испратија посебна благодарница до Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…