Град Скопје со реакција за наводите за Арнаудова, СДСМ лаже и манипулира

t

Градот Скопје во официјално соопштение денеска реагираше на наводите на Кристина Арнаудова. Го пренесуваме соопштението во целост:

СДСМ како и во минатото, упорно лаже и манипулира со граѓаните

Градот Скопје има намален број на вработувања по заминувањето на поранешното градско раководство на чело со Петре Шилегов, додека пак СДСМ само во предизборните месеци вработиле речиси 100 административци во Град Скопје.

Матрицата на лаги и невистини се уште е дел од секојдневното излегување на СДСМ во јавноста, иако граѓаните одамна ги прочитаа неработењето и расипничкото трошење на народни пари и токму поради тоа промените започнаа токму од Град Скопје.

Додека СДСМ неосновано напаѓа и лаже, граѓаните имаат шанса секојдневно да сведочат на макотрпната работа и реализацијата на проекти кои се од огромна важност за скопјани.

Градот Скопје почна да се менува и модернизира, ниту една лага и невистина на СДСМ нема да им помогнат да го оцрнат она кое што секојдневно се работи за доброто на градот и граѓаните.

За пренатрупувањето на администрацијата и задскривањето на партиските вработувања во изминатите четири години, Градот Скопје ќе излезе со нова прес конференција во наредните денови.

Со почит,

Град Скопје” – стои во соопштението на Градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…