Објавено на:

Град Скопје утре ќе распише јавен повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз

t

Утре ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдуваат за МИА од Град Скопје.

Претходно, на 1 март од Град Скопје најавија дека ваков повик ќе биде распишан наскоро, но, тогаш нагласија дека „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да учествуваат на него поради пречките кои произлегуваат од раскинатиот договор кој забранува учество на јавен повик доколку договорот биде раскине пред истекот и по нивна вина.

– Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање, како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз, посочија во тогашното соопштение од Град Скопје.

Од Градот напоменаа дека тие немаат никаков долг кон превозниците, а оти договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на Скопје.

Претходно приватните превозници на прес-конференција исто така истакнаа дека Градот Скопје нема никаков долг кон приватните превозници и дека истите досега биле манипулирани и им се заканувале одредени лица за никако да не почнат да преговараат со Градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…