Град Скопје јавно се обрати до граѓаните: Ги превземаме сите мерки за да го намалиме зaгaдyвaњето

t

Здрава животна средина со чист воздух, чиста околина и повеќе зелени површини е предуслов за обезбедување квалитетен живот за граѓаните на Скопје и токму ова ќе бидат и основните заложби на Град Скопје во овој четиригодишен мандат, порачаа денеска од прес службата на Град Скопје.

– За жал, можеме да видиме дека претходните градски власти не направија доволно за да го овозможат сево ова и наместо решенија, Скопје денес е еден од најзагадените градови во светот. И покрај програмата на Шилегов од 2017 година која беше промовирана за решавање на овој горлив проблем и намалување на загадувањето за 50 проценти, преку сет мерки како што се гасификација, чистење на депониите, зголемена инспекција и намалување на емисиите на загадувачки супстанци од затоплување на домаќинствата, скоро ништо од истото не беше реализирано, наведоа во соопштение од Град Скопје.

– Градот Скопје веќе започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи новата градска администрација. Овие комплементарни мерки за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните, ќе придонесат за намалување на нивото на загаден воздух во Скопје, додават од таму.

Воедно, скопските градски власти посочија дека уште во првите денови од својот мандат градската администрација почна интензивно да ги чисти сите диви депонии кои беа детектирани на територијата на Град Скопје и досега се исчистени над 120 депонии. На дел од нив се планирани нови зелени површини, а меѓу нив во Ново Лисиче, во Ново Село и на многу други места.

Дополнително, стои во соопштението, Градот започна и зголемен и неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, ќе биде казнето со високи глоби. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, а една беше изречена неодамна во износ од 88 илјади евра.

-Град Скопје има програма и проекти како да се справи со овој горлив проблем. Планот е преку модернизација на јавниот превоз, директно да се влијае и да се подобри квалитетот на воздухот. Покрај тоа планирани се нови велосипедски патеки, субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети, со што ќе се мотивираат граѓаните да користат алтернативен превоз. Град Скопје во план има и изградба на пет мега паркови, со што ќе се зголеми зеленилото во градот. Покрај неодговорната работа на претходното градско раководство, сигурен проблем во справувањето со загадениот воздух оваа зима ќе биде и економската криза која директно удира по граѓаните. По најавите за драстично зголемување на цената на електричната енергија, дел од граѓаните најавуваат дека за огрев ќе користат дрва, што дополнително негативно ќе се одрази на загадувањето на воздухот, се наведува во информацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…