Град Скопје ја поздравува одлуката на Костовски да поништи ДУП кој самиот го гласал
Денес на предлог на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Советот на Општина Бутел едногласно изгласа и даде целосна поддршка за поништување на 11 градежни маркици за згради од ДУП ССИ 06.07 и ДУП С16, информираа од Општина Бутел.
Од таму велат дека за ДУП С16 кој е на сила ќе се отпочне постапка за измена на планот со цел бришење на 7 маркици за згради. А за ДУП ССИ 06.07 кој е во постапка ќе биде ревидиран и ќе се избришат сите згради кој што се уцртани во предлог планот.
Од Град Скопје ја поздравија оваа одлука, но од таму велат дека градоначалникот, Дарко Костовски, поништил планови што сам ги гласал во 2015 година како советник.
„Ја поздравуваме одлуката на советниците во Советот на општина Бутел да го послушаат апелот на град Скопје и да ги избришат 7 маркици со кои се предвидуваше изградба на згради, а кој ДУП го гласал токму Дарко Костовски како советник во Советот на општина Бутел во 2015. година. Истите беа во директна спротивност на начелото за хумано живеење, како и со вториот план со кој се предвидуваа 26 метри високи згради. Овие планови, кои денес се укинаа со одлука на Советот на општина Бутел, апелираме да бидат пренаменети во простор за зеленило, паркови и игралишта“, порачаа од Град Скопје.
Од Град СКопје порачаа дека трасата на улицата “Боца Иванова” нема да се промени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…