Град Скопје ја промовиравме новата средношколска манифестација – СРЕДНОЛЕНД, која за првпат се одржува оваа година
Денес ја промовиравме новата средношколска манифестација – СРЕДНОЛЕНД, која за првпат се одржува оваа година, со цел поттикнување на средношколците да ги претстават своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм.

Нашите талентирани ученици со поддршката и мотивацијата која ја добиваат од средните училишта на Град Скопје имаат можност да се докажат во повеќе сфери. Во организација на ЈУ Универзална сала, со финансиска поддршка од Град Скопје, а иницирано од професори и ученици од градските средни училишта, повеќедневниот настан се одвива од 2 до 6 мај, на повеќе локации во градот и тоа на Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Градски парк – Школка, стои во објавата на Градоначалничката на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…