Објавено на:

Град Скопје ја реконструира улицата „Волково“

t

Јавното претпријатие “Улици и патишта” по налог на Градот Скопје ја реконструира улицата Волково, која се протега од раскрсницата со улицата Шарпланинска до раскрсницата со патот за Кучково и за Орман. Со оваа реконструкција значајно се подобрува инфраструктурата на траса во должина од 1700 метри, соопшти на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Клучните елементи на проектот вклучуваат реконструкција на површина од 13.240 квадратни метри, поставување нови рабници за подобрување на безбедноста на патиштата, рехабилитација на тротоарите за подобрување на пристапот за пешаците и подобрување на безбедноста во сообраќајот за сите учесници.

Со нивелирање на над 30 шахти и сливници се обезбедува соодветна дренажа на коловозот. Со оваа сеопфатна реконструкција значително се подобрува квалитетот и безбедноста на улицата Волково, олеснувајќи го побрзиот проток на сообраќај и подобрувајќи го движењето за граѓаните. Градот Скопје изразува благодарност до жителите за нивното трпение и соработка во текот на целиот период на изградба. Овој проект е дел од активностите за подобрување на градската инфраструктура, насочена кон поттикнување на побезбеден и поефикасен сообраќаен систем. – објасни Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…