Град Скопје ќе издвои рекордни 24 милиони денари за субвенции за инвертери
Рекордни 24 милиони денари свои средства издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години.
Град Скопје од свои буџетски средства оваа година издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за купување на инвертер клима уреди, за разлика од претходните две години, кога во буџетот за оваа мерка немаше воопшто средства на Град Скопје, односно парите за субвенции беа обезбедени од Владата.
Од својот буџет Скопје последен пат финансии за оваа точка издвоил во 2019-та година кога беа дадени 20 милиони денари.Сумата која беше издвоена во 2018-та година беше уште помала, односно само 10 милиони денари.
Во четири години водење на Град Скопје од поранешниот градоначалник Петре Шилегов за субвенции за инвертер клима уреди од пари на Градот издвоени беа вкупно 30 милиони денари, додека сега, само за 2022 година се предвидени 24 милиони денари, соопштија од Град Скопје.пп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…