Гранати од Првата светска војна пронајдени при гаснење на пожар кај Новаци
Две артилериски гранати заостанати од Првата светска војна биле пронајдени при гаснење на пожар во близина на селата Арматуш и Мегленци, во Општина Новаци.
Од МВР информираат дека на 24 август во 21:30 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при гаснењето на пожарот во атарот на двете села биле пронајдени две гранати.
На 25 август, гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. По извршената проверка било утврдено дека станува збор за две артилериски гранати со калибар од 155 и 75 милиметри, кои потекнуваат од Првата светска војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…