„Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје – Блаце

t

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Турција објави дека „Гранит“ е избраната градежна компанија која ќе го доградува автопатот Скопје – Блаце.

Домашниот оператор веќе беше избран да ги изгради првите два километри од овој автопат од Коридор 8, а сега ќе го довршува останатиот поголем дел од делницата.

Николоски ова го потврди на работната средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. 

„“На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг временски период една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат. 

Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај , ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции“, објави Министерството за транспорт.

По завршувањето на сите административни процедури и обезбедување на соодветни банкарски гаранции ќе започне изведбата на терен и градежни активности.

– Планираме Изведувачот да го заврши овој проект во рок од 3,5 години и за најдоцна 3,5 години да имаме автопатско поврзување од Скопје до Блаце, односно од Македонија до Косово и до Црна Гора, изјави Николоски.

За истата делница на брифинг со медиумите претходно зборуваше премиерот Мицкоски.

Блаце-Скопје во вредност од 215 милиони евра со реализација треба да започне идниот месец. Евалузацијата на тендерската постапка е завршена. Според информациите кои ги сподели премиерот, имало жалба на првичната одлука, но истата е одбиена во втор степен, со што останува само да се започне со реализација на проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје –…

Заменик претседателот на Владата и министер за…

ДУИ: Николоски креира лажни вести, нема основно…

Демократската унија за интеграција со згрозеност ја…

Шлепер се преврте утрово на патот Скопје…

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје…

Времен сообраќаен режим во тунелот на патот…

 АМСМ денеска информира дека од понеделник (11…

Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје…

Вицепремиерот и министер за политички систем и…