Границите во Словенија ќе ги чува војската

t

Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, полицијата ќе биде ослободена од своите должности поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.

Член 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.

Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница, со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечката армија да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе ги растерети полициските единици од југоисточна Словенија.

Според Главната полициска управа, до 40 припадници на словенечката армија ќе учествуваат во заштитата на државната граница. Соработката моментално е планирана на границата во подрачјето на Полициската управа Ново Место, но доколку е потребно, може да се прошири и на други полициски одделенија кои се најмногу оптоварени со проблемот со нелегалната миграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инцидентот на летот на FlyDubai официјално е…

Генералното обвинителство на Обединетите Арапски Емирати официјално…

Радев до Мицотакис: Во минатото цар Самоил…

Бугарскиот претседател Румен Радев пристигна во Музејот…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

Двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското…

Двоглавиот орел повторно е поставен на врвот…