Грантови до 615.000 денари за млади кои ќе отвораат сопствен бизнис

t

Со фокус на намалување на невработеноста и зајакнување на економската активност, Владата денеска го усвои и го презентираше Оперативниот план за вработување за 2026 година.

Документот предвидува сет мерки насочени кон зголемување на вработеноста, подобрување на условите на пазарот на трудот и поттикнување на домашната економија преку нови инвестиции и активни политики за вработување.

Планот беше претставен од министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Аднан Ејуп, кои истакнаа дека целта е создавање нови работни места и подигнување на животниот стандард.

За реализација на активностите се обезбедени над 40 милиони евра, а се очекува директна поддршка да добијат повеќе од 10.000 лица низ државата. Посебен акцент, како што беше посочено, е ставен на младите, долгорочно невработените, лицата со попреченост, корисниците на социјална помош и жените.

Министерот Дурмиши нагласи дека една од клучните цели на планот е создавање реални можности за вработување, при што значаен дел од мерките се насочени кон самовработување и започнување сопствен бизнис.

Во рамки на планот, младите ќе можат да аплицираат за грантови до 615.000 денари за отворање сопствен бизнис. Дополнително е предвидена поддршка за повратници од странство кои сакаат да инвестираат во земјата, како и за компании што отвораат нови работни места.

Оперативниот план вклучува и мерки за практикантства, обуки и дефицитарни занимања, со цел полесна интеграција на невработените на пазарот на труд и зголемување на нивните вештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…