Граѓаните знаат, ама и инспекторите признаа: Поосетно намалување засега нема!
187 компании од прехранбената индустрија веќе деветти ден произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.
Поосетно намалување засега немаме, признава на ТВ24 директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.
Најпогодените, граѓаните, реагираат дека ова е само замајување и дека цените не само што не се намалија, туку цените на некои производи дополнително се зголемија, за со поскапување да се глуми поевтинување.
Производителите, пак, се правдаат дека овие производи се направени од суровини, кои се набавени пред 1 декември и мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени.
Во истата дебатна емисија, Сашо Дукоски, потпретседател на ССК вели дека токму поради ова, за некои производи ќе треба да поминат и до 90 дена за да се намалат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…
Европската Унија треба да го забрза пристапниот…
За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…
И Тошковски платил сообраќајна казна, вели дека…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави…
Владата бара итно мислење од Венециската комисија…
Владата на денешната седница ја усвои потребата…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Според локалните медиуми, кривичната постапка под број…