Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

t

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.

Според Народната банка, кредитната активност продолжува со позитивен тренд. Вкупните кредити се зголемени за 0,9 проценти месечно и 13,5 отсто годишно. Најголем придонес има корпоративниот сектор, но раст е забележан и кај домаќинствата.

Корпоративните депозити се намалени месечно, поради пад на краткорочните депозити и депозитните пари, додека долгорочните депозити во денари се зголемени. Годишно, корпоративните депозити се зголемени.

-Во септември 2025 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 2 проценти, под влијание на намалените краткорочни депозити и депозитните пари, во услови на зголемување на долгорочните депозити во денари. На годишна основа е забележан раст од 12,8 отсто, во најголем дел како резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити, се наведува во соопштението на Народна банка.

Кај домаќинствата, депозитите се зголемени за 1,2 проценти месечно, а годишно за 13,6 отсто, со најголем придонес од депозитните пари и долгорочните депозити во денари.

Кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 1 процент и годишен од 10,8 отсто, со поизразен раст кај кредитите во денари.

Во септември 2025 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%, соодветно, при годишен

раст од 10,2% и 16,1%, соодветно. Автомобилските кредити растат месечно за 1,3 процент, но годишно се намалени за 0,6 отсто. Кредитите одобрени преку кредитни картички се намалени за 0,3 проценти месечно и 6,7 отсто годишно.

Паричната маса бележи благо намалување од 0,1 проценти на месечно ниво. Намалувањето е резултат на падот на готовите пари во оптек и краткорочните депозити, и покрај растот на долгорочните депозити и депозитните пари.

На годишно ниво, паричната маса е зголемена за 13,5 отсто, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити, додека пак вкупните депозити во септември се зголемени за 0,3 проценти месечно, поттикнати од растот кај домаќинствата, додека корпоративниот сектор бележи пад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…

Пандов на средба со делегација на Европскиот…

Директорот на Управата за извршување на санкциите,…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…

Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…