Граѓаните од западен Балкан во Албанија ќе може да влегуваат со лична карта
Албанската влада на денешната седница донесе одлука со која на граѓаните од земјите на западен Балкан за влез во земјата нема да им биде потребна патна исправа, туку тоа може да го направат со валидни лични карти, јави државната агенција АТА.
Како што изјави министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи одлуката влегува во сила веднаш и оти целта е создавање олеснителни можности за движење во регионот на Западен Балкан.
-Донесената одлука има врска со слободното движење на граѓаните во Западен Балкан само со лична карта. Станува збор за договор кој беше потпишан во Берлин во ноември минатата година и сега тоа го одобрува албанската влада. Што значи дека со стапување во сила на оваа одлука сите граѓани од Западен Балкан можат слободно да дојдат и да се движат во Албанија само со лична карта, рече тој.
Оценува дека „ова е во духот на две многу важни иницијативи за зајакнување на регионот и Западен Балкан, Берлинскиот процес и „Отворен Балкан“, еден од трите столба, како што рековме, слободното движење на луѓе, капитал и стоки“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…