Граѓаните се жалат: Дали се местат “наградните игри” на брендови и компании? “На прсти се бројат транспарентните брендови”!

t

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат од таканаречени “наградни игри” и транспарентноста при организирање на истите.

Фејсбук страната “Политичка Е-банка” објави краток текст во кој вели дека на прсти се бројат компаниите кои се транспарентни при организација на повие наградни игри.

Во продолжение објавата на “Политичка Е-банка”:

Изминатите месеци од сите страни нѐ напаѓаат известувања за наградни игри на различни брендови и компании. „Највредни награди“, „Со нас секогаш добивате повеќе“, „Купувај, освојувај“, се само дел од слоганите кои се вртат насекаде, на социјалните мрежи, билбордите, телевизиските спотови, радио џингловите… Буквално сме затрупани со вакви информации од сите страни, но ние како потрошувачи сепак сме во информативен мрак.

Зошто? Затоа што се бројат на прсти компаниите кои се транспарентни околу наградите што ги доделуваат, механизмот на наградната игра и добитниците. Повеќето само штуро спомнуваат некаков награден фонд, многу вредни награди, еден куп добивки, се делат станови кои, со чест на исклучоците, никој не знае во која населба се наоѓаат. Детали нема никаде, ниту за главната, ниту за другите награди. Честопати не се знае ни кој ја добил главната награда, кога се извлекувале неделните и месечните награди, кои се добитниците…

Се прашувам, до кога кај нас ќе се дозволува да се организираат наградни игри кои не се транспарентни, јасни и оставаат простор за манипулација? Поголемиот дел од компаниите дури и користат иста механика и иста комуникација како други компании кои имаат активни наградни игри организирани според сите правила и прописи, а со тоа нѐ доведуваат во заблуда бидејќи не ни знаеме во чија наградна игра учествуваме, какви награди може да добиеме, кои се нашите права и обврски како учесници… Време е надлежните институции да се позанимаваат со оваа проблематика и да нѐ заштитат нас, потрошувачите, бидејќи на крајот, ние остануваме изманипулирани и измамени. – пишува во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните се жалат: Дали се местат “наградните…

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат од…

Избрани компаниите кои за 600 милиони евра…

Македонси железници - Инфраструктура и меѓународниот кредитор…

Хакери им се закануваат на компаниите кои…

Групата Анонимни хактивисти им се заканува на…

Компаниите пред бaнкpoт: Во октомври стујата ги…

За октомври за струја 1.100 евра, а…