Граѓаните се самоорганизираат: Бараат сите објекти со камери во Дебар Маало да ги проверат и да го лоцираат исчезнатото девојче

t

На социјалните мрежи се споделува објава на загрижени граѓани кои бараат сите скопјани да се самоорганизираат и сите оние кои имаат објекти во близина на Дебар Маало да ги проверат надзорните камери со цел да го лоцираат 14 годишното девојче кое од вчера е исчезнато, а последен пат е видено таму.

“Другари, ајде да се солидаризираме со апелов!!!

Сите што имате дуќани со видео надзор, во реонски потег од Фонтана-парк, Дебар маало, Силбо и Буњаковец, ќе ве замолам своеволно да ги проверите камерите за периодот од 07:20 до 07:45 изутрина, 27 ноември. Можеби на нечија камера ќе ја забележите Вања и ќе помогнете што поскоро да ја најдеме.

Ве молам да го споделите апелот и да ги означите сите банки, кафиќи, кафани, фирми и останати деловни субјекти!!!”, стои во објавата на Фејсбук покрај објавениот апел од мајката на Вања.

На Вања вчера по 7 часот и 20 минути и се губи секаква трага откако заминала пеш во училиштето кое е во близина на нејзиниот дом. Според она што го изјави нејзината мајка, Вања била расположена и среќна и требала да и се јави по првиот час, но откако тоа не се случило, таа нешто по 8 часот случајот го пријавила во полиција.

Од полицијата изјавија дека по девојчето се трагало и целата ноќ и замолија да не се шират шпекулации и лажни вести за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…