Граѓаните удрија мајтап на социјалните мрежи: Тунелот што го ископале затворениците од Идризово е најголемата инфраструктурна инвестиција годинава!

t

Граѓаните удрија мајтап на социјалните мрежи откако МВР денеска информира дека затвореници од „Идризово“ ископале тунел преку кој планирале бегство.

Така, на групата Аеродромци, пишуваат дека „народот бара осумте затвореници кои го ископаа тунелот во Идризово да се пратат на терен да го дозавршат автопатот Кичево-Охрид“.

Овој предлог наиде на поддршка на фановите на Аеродромци со пофалби дека идејата е „одлична“.

Твитерџиите, секако инспирирани од актуелните политички настани коментираат дека затворениците што копале тунел, се постручни од оние што шијат гаќи за надзор на изградбата на автопатиштата“.

Други предлагаат да влезе наскоро и некој функционер во Идризово па да сечат лента, итн….

Тунелот, како што информира МВР, бил во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри.

Тој бил соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во него се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот, велат од МВР.

Во продолжение погледнете повеќе мајтапџиски твитови на темата:

Извор: glagolica.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…