Грдото лице на Балканскиот мегаетникум: 250 години Доктрини и пропаганди против Македонија
Грдото лице на Балканскиот мегаетникум
250 години Доктрини и пропаганди против Македонија
Со цел да се разбере денешното однесување на соседите на Република Македонија, најповеќе на Бугарија и Грција, за миг ќе нирниме во минатото и историјата за да се присетиме кој сосед како се однесуваше кон Македонија. Денес само со веродостојни факти набројување на доктрините и пропагандите на Балканскиот мегаетникум против Македонија во последните 250 години.
Доктрини
насоседитенаРепублика Македонија, практикувани во последните 180 години
Република Албанија
- ‘’Програмата на албанската Призренска лига’’ (1878г.)
- ‘’Платформата за решавање на албанското национално прашање’’ (Тирана, 1998г
Република Бугарија
- Уставот на бугарскиот револуционерен совет (1869г.),
- ‘’Бугарија во 21 век – Бугарска национална доктрина’’ (1997г.),
- ‘’Бугарската политика кон Македонија’’ (2007г.),
Република Грција
- Укинувањето на Охридската архиепископија во 1767г.
- ‘’Мегали идејата’’ од 1844г.
- ‘’Македонското прашање – преглед за обидите за создавање на вештачка нација’’ (Атина, 1993г.),
- ‘’Скопје во потрага по идентитет и меѓународно признание’’ (Солун, 1994г.),
Република Србија
- ‘’Начертанието на Илија Гарашанин’’ од 1844 година
- ‘’Меморандумот на САНУ’’(Белград, 1986г.) и на
- ‘’Идеологијата на српскиот национализам’’ (Шешељ, 2002г.)
Арбен Џафери
- ‘’Предизвиците на демократијата во мултиетничките држави’ 1998г., Арбен Џафери
Пропаганди против Македонија
- Бугарска пропаганда против Македонија
1.1 Носители:
- Бугарската Егзархија од 1872 година – Егзархистите
- Званичната бугарска политика
- Врховистите и врховизмот
- Бугарската историографија
- Основните ставови:
- Не постои македонски народ и македонска нација. Постојат ‘’македонски Бугари’’, или ‘’западни Бугари’’
- Населението во Македонија е од бугарско потекло
- Не постои никакво македонско малцинство во Бугарија
- Не постои македонски јазик, туку дијалект на бугарскиот јазик кој се употребува во Македонија
- Македонското национално прашање може да се реши само ако се усвојат бугарските ставови
- Грчка пропаганда против Македонија
- Носители:
- Грчката Патријаршија од Фанар – Фанариотите
- Мегали идејата на монархофашистичката државна власт и нејзините пропагандни, дипломатски антимакедонски активности
- Андартските чети и нивното угнетување и физичко истребување на македонското население
- Основни ставови:
- Не постои македонски народ/македонска нација
- Постојат елинизирани Славомакедонци
- Не постои македонско малцинство во Грција
- Српската пропаганда во Македонија
3.1 Носители:
- Начертанието на Гарашанин, политика и пракса на Никола Пашиќ
- Цвииќ, и неговата теорија за Македонците како флотантна народна маса
- Меморандумот на САНУ
- Основни ставови:
- Непостоењето на македонската нација
- Македонците се ‘’Јужносрбијанци’’, или ‘’Јужни Срби’’
- Македонија е ‘’Јужна Србија’’
Значи, уште од 1767 година кога по барање на грчките фанариоти е укината Охридската архиепископија, започнати се процесите на елинизирање/грцизирање, србизирање и бугаризација на Македонците и Македонија. Основна цел беше Македонците да бидат асимилирани, а Македонија поделена од балканските хиени.Тоа е дело на Балканскиот мегаетникум како народ кој постои доктринерно, латентно и реално(во Грција, Бугарија, Албанија, Србија) и кој ги има направено сите етноцити, хомоцити и геноциди на Балканот и во Македонија.
Анализата и коментарите за овие доктрини и пропаганди ќе бидат изнесени во следните колумни.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…
Во време кога се врши атак врз…