Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за „масовно“ истражување нафта и гас
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за претстојното опсежно истражување на нафта, гас и минерални наоѓалишта на овој арктички остров, јавува ДПА.
Заменик-министерот за рударство на Гренланд,Јорген Хамекен-Холм, за Си-ен-ен потврди дека постојат активности од страна на американски компании.
Меѓутоа, нагласи „Многу сме далеку од ’масовно’ истражување“. Во тек се многу помали истражувачки проекти, но може да поминат години пред тие да станат оперативни“, изјави Хамекен-Холм.
Претходно денеска Трамп на својата платформа Трут соушл објави дека на Гренланд „се подготвува почеток на масовно истражување на нафта, гас и минерали“. Тој за арктичкиот остров, кој е во состав на Данска, се изрази како за „нашиот нов и прекрасен Гренланд“, потсетува ДПА.
Трамп, исто така, тврдеше дека експертите сметаат оти количеството на лесно достапна нафта на Гренланд е далеку поголема отколку во речиси кој било друг регион во светот. Всушност, експлоатацијата на ресурси на островот долго време се смета за тешка.
Пред ноемвриските среднорочни избори во САД, републиканците на Трамп се под силен притисок поради цените на горивото, кои пораснаа како последица на неговата војна со Иран.
САД, Данска и Гренланд минатиот месец потпишаа договор за зајакнато безбедносно партнерство, со што се стави крај на спорот околу островот што Трамп го предизвика со заканите за анексија. Договорот го модернизира и дополнува одбранбениот договор меѓу Данска и САД, кој е на сила уште од 1951 година.
Според текстот објавен од Белата куќа, нафтата и гасот не се експлицитно споменати во договорот, но тој се однесува на соработка во областа на минералите и на соработка за економски развој воопшто, потсртува ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…