Грешка на вештачката интелигенција го чинеше Гугл 100 милијарди долари
Компанијата „Гугл“ го претстави четбот сервисот „Бард“ (Bard) – нејзиниот „одговор“ на сè попопуларниот „ЧетГПТ“ (ChatGPT) – и успеа со рекламата да ја загрози цената на своите акции.
„Бард“ беше претставен на почетокот на оваа недела, при што беше снимено кратко промотивно видео, на кое се гледа како вештачката интелигенција одговара на прашањето „Што да му се каже на деветгодишно дете за откритијата на телескопот Џејмс Веб“.
Проблемот е во тоа што одговорот беше погрешен.
„Бард“ одговорил дека Џејмс Веб е првиот телескоп кој снимил планети надвор од Сончевиот Систем, а всушност тоа го направил Европскиот екстремно голем телескоп во 2004 година. Оваа грешка набргу ја укажаа астрономите на Твитер.
Зошто не го проверивте овој факт пред да го објавите? Ако го користите „Гугл“ за да ги пребарате податоците, ќе видите дека Бард погрешил. Обидете се да изгуглате кога е направена првата директна слика на егзопланета“, напиша, Крис Харисон, професор од Универзитетот Њукасл.
Bard is an experimental conversational AI service, powered by LaMDA. Built using our large language models and drawing on information from the web, it’s a launchpad for curiosity and can help simplify complex topics → https://t.co/fSp531xKy3 pic.twitter.com/JecHXVmt8l
— Google (@Google) February 6, 2023
Цените на акциите на компанијата сопственик на „Гугл“, „Алфабет“, паднаа за седум отсто, намалувајќи ја пазарната вредност на компанијата за 100 милијарди долари.
Грешката ја покажува важноста на ригорозниот процес на тестирање, кој ќе го почнеме оваа недела. Ќе ги комбинираме надворешните повратни информации со нашето сопствено тестирање за да се увериме дека „Бард“ е високо рангиран според квалитетот, безбедноста и комплетноста на информациите од реалниот свет“, рекоа од „Гугл“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ 2000 РАБОТНИ МЕСТА: Во…
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ планира нова…
Над 1.400 луѓе во Македонија ќе гласаат…
Во Македонија се пријавиле 1.438 луѓе за…
(Видео) Мицкоски: Разгледуваме можности за рестартирање на…
Премиерот Мицкоски денес во одговор на новинарско…
Радев седи на две столици: Бара европска…
Румен Радев ја поздравува зделката меѓу Доналд…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…