Грипот “коси“, заболени се нови 1675 лица или зголемување од 41 отсто за само една недела

t

Во текот на 3-та недела од 2024 година (15-21.01.2024), во Македонија се пријавени 1.675 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип или 41,7% повеќе во споредба со претходната недела се велат од Институтот за јавно здравје ( ИЈЗ)

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.012 лица се на возраст од 15-64 години, 256 кај деца на возраст од 5-14 години, 237 кај деца на возраст од 0-4 години и 170 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Најголем дел од заболените се пријавени во Скопје – 295, па следуваат Битола – 287, Тетово – 165, Гостивар – 149, Дебар – 110, Куманово – 104, а во останатите.

ИЗЈ регистирал и еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 45 години од Неготино кое било хоспитализирано. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, белодробни, дијабет, обезитас) и не било вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 се вели во соопштението

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…