Грковска-Агелер: Транспарентноста е клучот за кредибилни и ефикасни институции

t

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на која се разговарало за низа актуелни теми поврзани со владеењето на правото и реформските процеси во земјава.

Грковска се заблагодарила за севкупната поддршка на ова поле и го истакнала значењето на стратешкото партнерство со САД во спроведувањето на клучните реформски политики.
Амбасадорката Агелер била информирана за активностите кои ги предводи нејзиниот кабинет, вклучително и за предложените законски решенија кои се во финална фаза на подготовка, а кои целат кон јакнење на антикорупциските механизми и алатки, како и кон одржливо вградување на принципите на добро владеење во јавниот сектор.

Се разговрало и за состојбата во правосудството и структурните промени кои се неопходни за да се надминат бројните предизвици на ова поле, а од кои зависи успехот на заедничките заложби за напредок во справувањето со криминалот и корупцијата во земјава.

Агелер и Грковска се согласни дека унапредувањето на транспарентноста е клучот за решавање на многу проблематични точки во системот, бидејќи на тој начин јакне кредибилитетот на институциите и истовремено се штитат вистинските професионалци кои се дел од нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…