Грк со црногорско “Ауди” пробал да шверцува 1250 кутии цигари преку Стар Дојран
Полициски службеници утрово на граничниот премин Стар Дојран при преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки управувано од грчки државјанин, биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација.
– Денеска во 00:15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик. При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за Грк сакал да внесе…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.(51)…
Царината спречи обид за шверц на 5.200…
Секторот за контрола и истраги при Царинската…
Грчки граѓанин починал во битолско казино –…
Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот…
(Видео) МВР: Пресечен меѓународен канал за шверц,…
На влезот во Гостивар, во заедничка акција…
(Видео) Спречен нелегален влез на шест мигранти…
Мобилен тим при Секторот за контрола и…