Објавено на:

Грлиќ Радман утре ќе престојува во официјална посета на Македонија

t

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на покана на неговиот колега, шeфот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за надворешни работи на Македонија и Министерство за надворешни и европски работи на Хрватска во областа на дипломатска обука. По што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, во вечерните часови во Филхармонија ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија, по што ќе се одржи и соодветен прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска.

Следниот ден од посетата, министерот Радман ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16-18 јуни во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…