Гробот на Јосип Броз – Тито ќе се преместува од Белград: Важно е за српскиот народ
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска кажа дека ќе се формира комисија за споменици и именување на плоштади и улици. Тој најави дека ќе побара на преместување на гробот на некогашниот претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз – Тито и отстранување на четири народни херои од тврдината „Калемегдан“.
„Сега ќе упатам јавно повик. Не можам да влијаам на одлуката, ниту Градот да влијае, но мислам дека отстранувањето на гробот на Јосип Броз – Тито од Белград, од Музејот на Југославија е важно за српскиот народ“, рече Шапиќ.
Според најавите, гробот на Тито би можел да биде преместен во Кумровец, сегашна Хрватска, местото каде што е роден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…