ГРОМ до пратениците на ВМРО, вие сте кукавици – немате ништо комитското: Дозволивте да ве полеваат како цвеќиња, се повторува сценариото од 27 април!
Интегрално соопштение на политичката партија ГРОМ.
Граѓанската опција за Макеонија – ГРОМ го осудува вчерашниот настан на комисијата за европски прашања во македонскиот парламент. Посебно е загрижувачка невидената агресија на пратеникот Арбер Адеми која не доликува на поранешен министер и актуелен член на парламентот.
ГРОМ исто така најостро го осудува кукавичкото однесување на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ . 15-тина пратеници дозволија Адеми да ги пцуе, навредува, да фрла кон нив со чаши и да ги полева како да се лалиња.
Со ова пратениците на ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека немаат ништо во себе од комитското и не ги заслужуваат четирите свети букви од името на партијата затоа што по втор пат прават тензии во праламентот а потоа се повлекуваат.
Дури и кога пред себе имаат само една особа која грубо ги омаловажува.
Истото го направија и на 27 април 2017 година кога ја зовреа атмосферата во парламентот а потоа наместо тие физички да се пресметаат со политичките противници ги отворија вратите за да наместо нив тоа го направи народот. Резултат од таквото нивно кукавичко однесување се недолжните македонски родољуби кои гнијат по македонските затвори а пратениците од ВМРО – ДПМНЕ се на безбедно.
Затоа вчерашниот ден во македонскиот парламент е срамен за ВМРО – ДПМНЕ и во целост дојде до израз нивната неискреност и дволичност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…
Европската централна банка се подготвува за ново…
Европската централна банка се приближува кон ново…
Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…
Се чини дека Украина полека ја губи…
Не наседнувајте: УЈП предупредува на лажни пораки…
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека…
Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…