ГРОМ: Заокружување на бројот три ќе означи нов почеток за Македонија, нема веќе простор за „курто и мурто“

t

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевче Јакимовски ќе го бара гласот од граѓаните на гласачкото ливче со редниот број 3, соопштуваат од неговата партија.

– Граѓаните после децении лажна дихтомија имаат вистински избор на гласачкото ливче. Бројот три го означува третиот пат кој ќе го разбие лажниот бинарен избор помеѓу помалото и поголемото зло.

Гласот за бројот три означува глас за човек кој ветува борба, храброст и непокор.

Заокружувањето на бројот три ќе го означи новиот почеток за Македонија, ќе донесе нови  идеи и нова надеж на македонската политичка сцена

За прв пат во историјата граѓаните ќе имаат шанса да гласаат „За“ наместо „против“ како што беше примерот до сега. Нема веќе простор за курто и мурто на македонската политичка сцена. Граѓаните знаат дека со гласот „За“ Стевче Јакимовски гласаат за стабилност, искуство, знаење и суштински промени кои ненасушно и се потребни на нашата Македонија. – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…