ГРОМ не ги прифаќа резултатите од пописот: Податоците се нецелосни, неверодостојни и не ги сметаме за релевантни

t

СООПШТЕНИЕ

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ ги анализираше резултатите од пописот и за истите со жалење можеме да констатираме дека се неприфатливи. Да се одбере лош временски период за попис, во услови на светска пандемија со политички тензии и препукувања со засиленост на власта на врат на нос да се направи попис како да е крај на светот, резултатите е нормално да се нелогични, надвор од очекувањата и истите создаваат сомнеж кај граѓанството.

Од оваа политичка одговорност не може да се амнестираат ниту дел од опозицијата со повиците за бојкот, па апел за попишување, па пак повик на дел од опозицијата за бојкот, иако се знаеше дека истиот ќе се одржи и со тоа се создаде дезориентираност, амбивалентност и отпор кон пописот како во земјава така и во дијаспората.

За жал, со ова покажавме дека не сме на нивото на сериозноста која со себе ја носи оваа статистичка операција ако се имаат во предвид последниците што ги предизвикува истата и затоа ГРОМ овој попис го оценува како направен во лошо време, од погрешни луѓе, без политички консензус, со голем отпор кај граѓанството поради што оваа статистичка операција ја следат контроверзии.

Логичен заклучок е дека најголем дел од граѓанството, а со нив и ГРОМ не може да ги прифати резултатите од пописот, ги оценува како неверодостојни, нецелосни и истите не ги сметаме како релевантни во служба на идните стратешки одлуки на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Нова влада Црна Гора, прва одлука на…

Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…

Гром уби жена и маж на плажа…

Маж што продавал лежалки на плажа и…

Во Албанија денеска почнува попис на населението…

Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…

 Гром запали куќи кај Зајечар, во Краљево…

Градот кој синоќа ја зафати Србија предизвика…