Груби: Бараме да се формира посебна комисија која ќе ги “чешла” политичарите пред да стапат на функција!
ДУИ бара да се донесе Закон за ветинг и да се формира посебно тело, комисија која ќе го проведува имотот на политичарот пред тој да стапи на функција, односно пред изборите, вели привиот вице-премиер Артан Груби.
-Во минатиот мандат го поднесовме Законот за ветинг, тогаш немаше расположение во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Сега повторно го актуелизиравме и го испративме и до меѓународната заедница и до нашите коалициони партнери и се надеваме дека ќе го прифатат и усвојат.
Со тој Закон предвидуваме формирање на посебна комисија која ќе го проверува иомтот пред изборот на било кој функционер. ДКСК проверува избрани и именувани лица откако ќе бидат именувани на функција, ние сакаме политичарите да бидат проверувани пред да стапат на функцијата.
Од 2002 до 2022 година колку биле примањата на Артан Груби, каков имот има, како го стекнал и тоа да биде јавно, мора да се издава сертификат за било кој функционер за да им кажат на граѓаните ова е Артан Груби, црно на бело, за да знаат дали да гласаат или не, дали бил осудуван, има ли досие и слично, вели Груби во гостување во Сител телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…
ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…
ДУИ: Да одиме на избори
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…