Груби-Граф: Уставни промени годинава
Првиот потпретседател на Владата Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф.
На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и планот на Владата за остварување на овие цели во текот на оваа година, при што Груби го информирал Граф дека Владата ги подготвила предлог уставните измени и се започнати подготовките за нивна реализација.
Сојузна Република Германија ја поддржуваше и продолжува да ја поддржува Република Македонија на патот кон европската интеграција и реформите во земјата.
Соговорниците разговараа и за реформите во областа на владеењето на правото, вклучително и спроведувањето на ветингот како неопходен процес за државата.
Груби и Граф се фокусираа на состојбите во регионот, со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Република Косово и Република Србија со што дадоа целосна поддршка за нормализација на односите меѓу двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…