Груби: Косово и Србија да се огледаат на Македонија за решавање на спорови
Првиот потпретседател на Владата на Република Македонија, Артан Груби смета дека Косово треба да се угледа на нашата држава во решавањето на отворените прашања со Србија и за отворање на патот за сопствената европска иднина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, груби изјави дека треба да се земе за пример начинот на кој Македонија ги реши отворените прашања со Грција и Бугарија, со што си го отвори патот кон Европската унија.
Според македонскиот вицепремиер, единствен прифатлив резултат на преговорите меѓу Приштина и Белград е признавањето на косовската независност од страна на Србија.
– Политичката елита во Косово и политичката елита во Србија треба да го искористат примерот на Северна Макеоднија и Грција и Бугарија во затворањето на билатералните споорови со цел да се отвори патот кон иднината. Нема друго решение за тоа отворено прашање во Југоисточна Европа меѓу Приштина и Белград освен признавањето на независноста на Република Косово од страна на Република Србија. Тоа е конечниот резултат кој ние го поддржуваме и е единтвениот кој го прифаќаме, изјави Груби за Косовапрес.
Македонскиот вицепремиер во интервјуто за косовската новинска агенција се залага за поголема координација меѓу Приштина, Тирана и Скопје, посебно за прашања од надворешната политика, за, како што вели „одбрана на вредностите“ на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
– Приштина, Тирана и Скопје треба да се координираат многу повеќе во надворешната политика, посебно во одбрана на вредностите на ослободителната борба на ОВК, но и на тежнеењата на сите Албанци во Југоисточна Европа, за слобода, правда, еднаквост и независност на Косово, како и за меѓусебно признавање на Косово и Србија… Ништо лошо не може да му дојде на Косово од Скопје или Тирана, напротив, ќе ја има апсолутната поддршка за секоја иницијатива, било регионална, континентална или глобална, изјави Груби за КосоваПрес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…
Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…
Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…
Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…
Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…