Груби останува во куќен притвор до 13 септември
Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”.
-Мерката притвор е продолжена по поднесување на обвинение и е до 13 септември, информираа од Кривичниот суд.
Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија во значителна вредност од 507.632.173 денари.
Тие биле свесни дека Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија-КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото, информираа од Обвинителството.
Од обвинителството бараат притвор за екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кој е во бегство, а куќен притвор за Груби
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби останува во куќен притвор до 13…
Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен…
Лавров со сериозни обвинувања: „Америка е вмешана…
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,…
Нема сериозни изгореници кај лицето кое синоќа…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,…
Битолчанец нападнал обезбедување во казино
Полицијата во Битола лишила од слобода 49-годишен…
Ангелов: Водата во Гостивар од денеска е…
Од денеска водата во Гостивар е безбедна…