Груби: Руското влијание во државата е очигледно и може да влијае на дестабилизирачките процеси со парламентарното мнозинство!

t

Запрашан за актуелните состојби во Македонија, вицепремиерот Артан Груби вели дека влијанието на Русија во државата е очигледно, што, според него, може да се види од фактот дека има македонски партии, и тоа и во републичкото Собрание, кои отворено ја поддржуваат руската агресија во Украина.

– Ние сме единствената земја во Западен Балкан која официјално има политичка партија што е огранок на партијата на Путин во Русија и која функционира во Македонија, а имаме и друга парламентарна партија, со двајца пратеници, која отворено ја поддржува руската агресија во Украина и е ставена во функција на руските агентури во Собранието на РМ, не ја признава независноста на Косово, не го признава Охридскиот рамковен договор и во својата програма го има повлекувањето на признавањето на Косово и поништувањето на Охридскиот договор… и која за жал беше и во коалиција со албанските опозициски партии и со ВМРО-ДПМНЕ со цел уривање на проевропската влада во државата, вели Груби.

Со оглед на тоа, додава тој, „руското влијание во Македонија е евидентно и, следствено, и неговото влијание во дестабилизирачките сценарија во однос на парламентарното мнозинство“.И покрај тоа, нагласи македонскиот вицепремиер, владејачката коалиција е стабилна, но потребна е, вели тој, соработка со проевропските партии во Собранието, со цел да се обезбеди спроведување на договорот со Република Бугарија, со оглед дека за тоа се потребни 80 гласа, додека мнозинството располага со 64

– Упативме повик до сите проевропски сили кои учествуваа во Собранието на РМ, особено за да се приклучат на напорите за промена на Уставот, со цел да го спроведеме билатералниот договор со Бугарија, променувајќи ја преамбулата и вклучувајќи ги бугарската, црногорската и хрватската заедница во Уставот, за што ни се потребни вкупно 80 пратенички гласови, изјави Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…