Груевски ги искара СДСМ како да се мало дете
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ги наброја спомениците на неуспехот на СДСМ по 6 години власт.
– Ова е листа од 70 точки со проекти почнати или доведени при крај од претходната власт или одлуки, постапувања или не постапувања; Некои беа систематски секоја година. Еден мал дел се подготвени како проекти и доведени во состојба пред почеток на градба а оваа власт ги заборави.
Ги има уште многу.
Листата продолжете ја Вие.
2. Клиничка болница – Штип;
3. Прекината програмата за финасиска подршка за трето дете (драстичен пад на демографијата од тој момент од 24.300 во 2010 на 18.650 во 2021 година новородени деца годишно и од 3.340 новородени трето дете го 2010 на 1.800!новородено трето дете во 2021 година);
4. Прекин на програмата и создадениот систем за континуирана набавка на голем број апарати за здравството секоја година;
5. Сменето името на државата со сменет устав, променет идентитет на Македонците, името на нацијата и јазикот, откажување од историјата со потпишан меѓународен договор;
6. Системот со кој секоја година се реновираа голем број бoлинци и медицински установи се прекина;
7. Програмата за континуирана тренинг и едукација на 1000 лекари и медицински персонал годишно во најдобрите клиники во странство беше прекината веднаш;
8. Доверба на граѓаните во судството 4% и доверба на граѓаните во обвинителството 3%;
9. Стотици прогонувани лица неистомисленици заради политички цели;
10. Растурен системот и тимот за привлекување странски директни инвестиции, нови фабрики и компании со нов капитал, технологии и вработувања. За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена(Артур Шопенхауер);
11. Стопирана градбата на ТИРЗ-ови и индустриски зони: 1.Куманово-Кр.Паланка-Кратово, 2.Берово, 3. Делчево, 4. Маврово-Ростуше, 5. Радовиш, 6. Виница, 7. Гевгелија, 8.Индустриската зона Кисел-Охрид, 9.. ИТ зоната во ТИРЗ Скопје 2, 10. Индустриската зона во Кратово;
12. Корупцијата од 62. на 110. место во светот, најниско одкако постои државата;
13. Направени огромни финасиски штети со кои државата во иднина ќе плаќа огромни парични обештетување во износ над 1,5 милијарди евра во проекти како ОКТА, Фени, Иловица, Казандол и други;
14. Прекинат проектот “купи куќа за млади до 35 години” и проектот “Купи куќа, купи стан” со кој од буџетот се подржуваа илјадници лица годишно кои неможат сами да соберат пари за куќа или стан;
15. Автопат Кичево-Охрид;
16. Експресен пат (4 ленти) Градско-Прилеп
17. Експресен пат Ранковце – Крива Паланка;
18. Експресен пат Штип-Кочани(само делумно завршен);
19. Автопат Скопје-Блаце 14 км. Ни 2 км не можат да ги завршат;
20. Пругата кон Бугарија;
21. Скопје – Сопиште, преку Водно (целосно готов од јуни/јули 2017);
22. Гасификација на Штип и Св. Николе нема иако е изграден гасовод пред 2017 година;
23. Гасификација на Кавадарци, Неготино и Радовиш нема иако е изграден гасовод пред 2017 година;
24. Незавршен гасовод и нема гасификација на трасата Скопје-Тетово-Гостивар;
25. Незавршен гасовод и нема гасификација на трасата Неготино-Прилеп-Битола;
26. 6 години неможат да изберат надзор за градба на гасовод киј Грција кој би ни отворил повеќе извори на гас;
27. Нема гасификација на Скопје, Куманово и Крива Паланка, ниту источна и западна Македонија во целина;
28. Нема втора и трета фаза на градба на примарен гасовод во кој би влегле Велес, Охрид, Струга, Струмица, Валандово, Гевгелија, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Кочани, Берово, Делчево, Пехчево.;
29. Објект на факултетот за информатика ФИНКИ кај ТЦ Мавровка;
30. Објект на факултетот за физичка култура кај ТЦ Мавровка;
31. Радиодифузна кула на Водно;
32. Објектите на офицерски дом и објектот во градба до него, на плоштад Македонија во Скопје и објект на хотел помеѓу ресторантот Пелистер и Сити Галери (стопирани со политички мотивирани акции кон приватниот инвститор);
33. Полуразрушен ресторант на објект со налик на брод во р.Вардар во Скопје (политички мотиви) Човекот кој не може да создава, сака да уништува (Ерик Фром);
34. Прекината и на пола застаната промена на фасада на објектот на ЕВН/ЕЛЕМ и објектот Пелагонија во близина на плоштад Макеоднија;
35. Недовршен објект на плоштад Пресвета Богородица во Скопје во кој требаше да се сместат преку 10 државни институции кои во моментот плаќаат кирија или се во руинирани бараки. Проектот е над 90% готов од 2017 година);
36. Споменик(споменична композиција) на Мајка Тереза со фонтана на плоштад Макеоднија;
37. Недоизградени мост во општина Аеродром кој се градел без да се изврши претходно
експропријација на куќите на кои мостот излегува;
38. Катна гаража кај “Нова Македонија”Скопје;
39. Плаошник Св.Климентов универзитет;
библиотека и факултет за богословие-Охрид;
40. Објект на базентот во Охрид;
41. Објект на театарот во Охрид, Прилеп и Театар Комедија во Скопје;
42. Катна гаража Охрид;
43. Нефункционалност на проектот “бесплатни учебници” за секое дете воведен во 2009 година;
44. Стопирање со не обнова на проектот “компјутер пред секое дете”. Нема системско опремување на компјутерски кабинети, нема ваучери за бесплатни таблет компјутери за студентите, зaпpe проектот за целосна компјутерска поврзаност на сите државни институции(интероперабилност) кој значајно ќе го нaмaлeше или eлиминиpaшe одењето по шалтери од страна на граѓаните;
45. Прекин на проектот “екстерно тестирање во училиштата” и не замена со друг подобар;
46. Обнова со нов објект на студентскиот дом “Медицинар”. (Оставен готов проект за градба и обезбедени пари);
47. Црква Св. Константин и Елена ул. Македонија – Скопје;
48. Објект на Универзална Сала во Скопје или нејзино реновирање со проширување (оставени проекти за двете опции);
49. Објект на Турски театар во Скопје;
50. Незавршена изградбата на Струмичкиот театар;
51. Земени пари од светската банка за воведување пропорционален данок(погрешен чекор е неговото воведување), не воведен а парите потрошени за други цели. Како резултат на тоа светската банка не одобрува нови проекти додека не инсе вратат парите;
52. Незавршена брана “Оризарска река” кај Кочани, Брана “Конско” кај Гевгелија и уште неколку други брани и проекти за наводнување и водоснабдување;
53. Прекинат градба на објект на НБРМ. Почната градба пред 9-10 години;
54. Не отворен рудникот за јаглен “Суводол” -Битола и ист таков во Оехчево и не сменети котлите во ТЕЦ Битола и еколошка модернизација во ТЕЦ Неготино заради здравствено-еколошки причини;
55. Водоводот “Паришка река” за 12 населени места во Сопиште запрен како и десетици други водоводи и канализациски мрежи;
56. Запрена градбата на 100 мултифункционални игралишта и 120 тениски игралишта. Недовршени дел од спортските сали од проектот за 135 спортски сали. Спортската сала со 1500 седишта за гледачи во склоп на универзитетот Св Кирил и Методиј веќе шест години завршена стои заклучена. Запре проектор за нова сала за гимнастока, затворена сала за тенис, сали за боречки спортови и отворен базен во СЦ Борис Трајковски. Запре и проектот за тениски терен на отворено со поголем број публика за големи натпревари;
57. Запрен проектот за карго аеродром меѓу Св. Николе и Штип кој за 7 години од сега преку проширување требаше да стане главен аеродром во Македонија;
58. Запреа континуираните кампањи во меѓународни медиуми за привлекување инвеститори и туристи;
59. Запре или силно зaбaви проектот за нови патарини со кои ќе се елиминираа кражбите преку автоматизација;
60. Нема ,Ден на дрвото,, секоја година и масовно садење по илјадници садници дрва од илјадници граѓани;
61. Нема веќе набавка на нови лабаратории, стручни и научни книги и учебници на кои се учи на врвните 10 универзитети во светот а стипендиите за бесплатно студирање на топ 200 универзитети се сведени на стипендии за роднини, пријатели и сопартијци;
62. Запрен проектот за градба на нови coциjaлни згради, згради за млади брачни парови, згради за деца бeз родители, вработувања на деца бeз родители во државната администрација;
63. Зaпpe втората фаза на набавка на нови патнички и транспортни возови на македонски железници;
64. Запре втората фаза на градбата на жичарата во Скопје;
65. Нема нов објект на Драмскиот театар во Скопје. Беше изработен проект и склучен договор за градба;
66. Набавката на поголем број нови возила на Брза пoмoш, пoжapна и градски автобуси со помош на владата стана далечно минато;
67. Системот со кој владата воспостави пракса да дава даночни и други поволности за отворање на нови работни места во приватниот сектор не постои;
68. Нема веќе систем за раст на пензиите помеѓу 5 до 10 осто годишно над стапката на инфлацијата/цените. Повремено растат но помалку од растот на цените;
69. Нема веќе систематско градење на градинки секоја година по утврдена програма од страна на владата. Инцидентно по некоја. Нема веќе систематско реновирање и градење на училишта секоја година по утврдена програма од страна на владата;
70. Македонија веќе не е суверена држава, туку неформален/неофицијален протекторат. Други ги носат најважните одлуки за државата во уставна надлежност на владата и парламентот. Политичарите на власт исполнуваат обврски првенствено кон други, не кон својот народ. Тие се горди и јавно се фалат кога ќе добијат инструкција нешто да направат или да не направат од други, не од народот. Од други првенствено чекаат да ги задржат или донесат на власт. Потоа народот. Народот од други чека спас, правда, реформи, подобар живот и напредок. Кај други се жали, наместо кај институциите на системот. Судиите и обвинителите само формално се одговорни пред судскиот и обвинителскиот совет. Неформално кон извршната власт и оние кај кои извршната власт и политичарите одат по сопственото мислење. СДСМ не ја создаде само “Северна”, туку и една комплетно “нова” Македонија;
Тука ќе запрам. Знам дека има уште.
Листата продолжете ја Вие… – вели Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…