Груевски ги подбра “професорите” во Македонија: НЕКОИ СЕ ГОРДИ НОБЕЛОВЦИ, А НЕКОИ ПЛЕНУМЦИ!

t

НЕКОИ СЕ ГОРДИ НОБЕЛОВЦИ А ДРУГИ ГОРДИ ПЛЕНУМЦИ

Пред два вечери поминав покрај т.н. ланчан мост во Будимпешта кој има богата историја, уникатна естетика која плени и кој е и туристичка атракција исто така.

Беше осветлен во боите на унгарското знаме, што значеше дека е во чест на нешто така осветлен.

Ги прашав пријателите со мене, и ми кажаа дека е во чест на врачените нобелови награди тој ден на уште двајца лауреати Унгарци.

Така сега, Унгарија има вкупно 15 добитници на Нобелова награда. Најновите добитници се: Katalin_Karikó во категоријата “Физиологија или медицина” за откритија во врска со модификациите на нуклеозидната база кои овозможија развој на ефективни mRNA вакцини против КОВИД-19“. Вториот добитник е Ferenc_Krausz во категоријата “Физика” за експериментални методи кои генерираат аттосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата.

Унгарци имаат добиени Нобелови награди за физика, хемија, физиологија или медицина, литература и економија – односно во сите области, освен областа за мир.

И тоа 5 во категоријата хемија, 4 во категоријата физика, 4 во категоријата физиологија или медицина, 1 за економија и 1 за литература.

Додатно уште 9 нобелови награди имаат добиено: или

1. Лауреати родени во Кралството Унгарија или Австроунгарија кои не се етнички Унгарци, како на пример некои од нив се унгарски Евреи, но се родиле и израснале во Унгарија во тогашните граници. Такви има 4 добитници (од кои 2 добитника за хемија, 1 за литература и 1 за физика). Таков е случајот со Иво Андриќ кој ние го знаеме дека е од Босна и Херцеговина кога таа е во склоп на СФРЈ, но тој е роден, образуван и израснат во време кога Босна е дел на Унгарскиот дел на Кралството Австро-унгарија; или

2.Унгарци барем по еден родител или пак втора генерација во дијаспората или слични варијации, како што е Milton_Friedman добитник на Нобелова награда за економија, унгарски Евреин роден во САД, чии родители дошле во САД од Кралството Унгарија.

Во оваа категорија има уште 5 добитници, и тоа како што пишав 1 за економија, 2 лауреати за мир, 1 за физиологија или медицина и 1 за физика.

Од 1905 година речиси во секоја декада имаат барем по една нов нобеловец, овојпат два во иста година. Тоа значи дека не станува збор за инцидент, туку за систем кој генерира кадар, кој во некои случаи наградата ја добива кога веќе живее во друга земја, но се родил и образован во Унгарија. Повеќе детали за ова на следниот линк:

https://en.wikipedia.org/…/List_of_Hungarian_Nobel…

И додека дискутиравме со пријателите за осветлениот прекрасен мост во Будимпешта осветлен со боите од знамето на Унгарија, односно за причините зошто така е осветлен таа вечер, не можам да се присетам, дека кај нас во Македонија “битката” е да си универзитетски професор, ама да не мора да пишуваш и објавуваш научни трудови, битката беше и да не се донесе закон со кој професорите на универзитетите ќе бидат обврзани да пишуваат барем по еден научен труд во неколку години кој ќе биде прифатен во web of science, кој е еден вид верификација дека трудот навистина има некоја издржана, призната и уникатна вредност, што истовремено тоа го крева рејтингот на универзитетите каде предаваат професорите.

Секоја чест на оние професори во Макадонија кои не припаѓаат на оние кои не сакаат да пишуваат научни трудови од ваков тип, а имаме такви, но поразително е кога човек ќе се присети како се создаде оној професорски пленум во 2014/15 кој ги поттикна студентите на големи протести во 2015 година со цел повлекување на Законот за високо образование со кој професорите добиваа минимална обврска за објава на вакви трудови, која и ако останеше пак ќе бевме последни во Европа по број на научни трудови по глава на професор, но подобри од сега, и во кој се предвидуваше отценките на идните студенти да се верификуваат на државен испит организиран од државата заради намалените критериуми на отценување од стана на многу професори.

Ете, во еден сплет на околности, во време кога започнуваше операцијата за рушење на владата преку безбедносни системи, и потребата целосно да се фокусираме на тоа, нашите професори од пленумот успееја во напорите, и законот се повлече.

Но, еве ги резултатите. Македонија е на уште пониско скалило во високото образование од тоа што беше, а други држави со посилно образование и со традиција на научни истражувања, прославуваат нови лауреати, добитници на Нобелова награда.

Светот го движат напред иновациите и науката. Македонија, со чест на исклучоците, таму не е фактор кој се споменува.

*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…