Груевски го патосираше СДС: Имаат синдром на кисело грозје и когнитивна дисонанца – Народот го споредува “Скопје 2014” со нивното НИШТО и секако дека првото е подобро

t

Поранешниот премиер Никола Груевски со нов статус на Фејсбук:

Реакција на денешното соопштение на СДСМ за проектот “Скопје 2014”

Amor fati (љубов во сопствената судбина) е спасот за поединците од водството на СДСМ кој ќе им донесе внатрешен мир
По вчерашниот мој фб статус со долга и импресивна листа на величенствени проекти во областа на културата, со посебен дел на оние проекти кои се во функција на афирмација и одбрана на националниот идентитет на македонскиот народ, со соопштение полно со погрдни зборови, лаги, клевети и навреди денес се јави СДСМ, главно фокусирајќи се на проектот “Скопје 2014”.

Сакам да им порачам дека нивната реакција на оваа тема, исто како и нивниот однос кон мене изразен преку политички прогон од најбрутален вид, ја примам како јасен симптом на длабок “синдром на кисело грозје “ кој доаѓа од басните на Езоп, во кои лисицата не можела да допре до грозјето што виси високо на лозата и затоа го отфрлила како кисело.
Тоа се однесува на ситуација кога некој, неспособен да постигне нешто, ја негира вредноста на тој што постигнал и ја намалува важноста на постигнатото заради заштита на својата самодоверба но и задржување на каков-таков почит кон себе од околината, дерогирајки го и критикувајќи го некој кој се смета за супериорен.

Однесувањето на СДСМ за проектот “Скопје 2014” е еден вид одбранбен механизам за заштита на сопственото его, поттикнат од когнитивна дисонанца, социјална споредба и завист. Тука е и ефектот на завист од успехот на својот конкурент па затоа од позиција на власт и моментална моќ прибегнуваат со разни нечесни често и брутално методи кон поткопување на сите добри страни на овој и многу други проекти и позитивни одлуки од минатото, како начин да се справат со сопствените чувства на несоодветност.

Когнитивната дисонанца е психолошки феномен каде што едно лице има две или пивеќе спротиставени верувања, ставови или вредности во исто време. Ова создава чувство на непријатност или напнатост, бидејќи овие верувања неможат да бидат вистинити или компатибилни едни со други. Суштината на когнитивната дисонанца е менталниот стрес или анксиозност што се јавува кога ќе на одиме на информации или искуства кои не се усогласени со нашите постоечки верувања или вредности. Луѓето често се обидуваат да ка намалат оваа непријатност со менувања на нивните верувања, ставови или однесувања за да се усогласат, за да можат да ја намалат тензијата предизвикана од спротиставените верувања. Тоа е начин на кој нашиот ум се обидува да ги задржи нашите мисли и верувања конзистентни и кохерентни, но понекогаш може да доведе до внатрешен конфликт и непријатност.

Така на пример поединците во лидерството на СДСМ и нивните некритични подржувачи се свесни дека со проектот “Скопје 2014” допринесе за силна афирмација на македонскиот национален идентитет, допринесе заедно со уште неколку проекти и за тоа туризмот во државата да се дуплира за само неколку години, допринесе во услови на светска финасиска и европска должничка криза градежниот сектор да земе неопходен кислород и да ги преживее тие тешки времиња заедно со уште 26 стопански гранки сврзани со градежништвото, допринесе градот да се разубави и барем центарот да добие лик на метропола (иако стиловите се работа на вкус), знаат дека проектот се градеше од тековните приливи на буџетот а не од задолжувања во странство, знаат дека нормално е ако не ги одржуваш некои објекти со години нормално е некаде да прокисне кога врне, знаат дека стиропор до трајност од 100 години е користен само за украсниот дел на фасадите-орнаментика како што во модерното време се прави насекаде низ светот, а не се зградите од стиропор, знаат дека поголем дел од народот го прифаќа проектот како добар и го споредува со нивното “ништо” изградено во Скопје, како што знаат дека во времето кога ја предводев владата се направија илијадници корисни проекти кои сега не се прават, како изградба на автопати, набавка на огромен број апарати и опрема за здравството, се воведоа бесплатни учебници за сите ученици, се воведоа високи субвенции за земјиделците што претходно непостоеја, се укинаа визите за патувања во ЕУ, се изградија над 100 нови фабрики чии инвеститори макотрпно и со специјална стратегија ги баравме и носевме во Македонија и редица други проекти и одлуки кои значително го подобрија животот на народот, а кои во поголем број сега тие не се способни, ниту заинтересирани да ги прават. Нивната ништожност се гледа во огледалото кога ќе се спомене моето име и мојот тим. И тука се јавува оној внатрешен конфлик и немир заради фактите за кои интимно се свесни и потребата тоа да се прикаже како криминал, нестручност, негрижа, расипништво па дури и неспособност.

Мислите дека тие не се свесни дека 2,5 километри автопат неможат да изградат цели четири години? Свесни се. Затоа мораат да смислат нешто, од типот дека трасата била промашена, провизи се делеле и слично, тоа да го поткрепат со акти на контролираниот правосуден систем и некако барем на кратко да се сообрази нивното верување со фактот дека биле во право кога говорат за нас лаги, навреди и клевети. Но, тоа е привремен мир, бидејќи почива на злобни намери и хајки за кои слабо и интимни во себе се свесни. Така што сите тие нивни напори за создавање конзистентност и кохерентност воопшто не е е лесна задача и таа цел создава внатрешни психолошки конфликти од кои се јавува поривот за политички прогон, оцрнување, омаловажување па дури и затворање или физичка елиминација на конкурентот по кој и да е пат и начин.

Еден истакнат психолог кој спроведе опширно истражување за когнитивната дисонанца е Леон Фестингер. Тезата на Фестингер, позната како теорија на когнитивна дисонанца, тврди дека поединците доживуваат психолошка непријатност кога се соочуваат со конфликтни мисли, верувања или однесувања.
За да се намали оваа непријатност, поединците може да ги менуваат своите мисли или однесувања за да постигнат конзистентност и да го олеснат внатрешниот конфликт.

Во случај на неспособен поединец кој се обидува да постигне негативна перцепција за својот успешен конкурент, Фестингер веројатно би сугерирал дека ова однесување е обид да се намали дисонанцата помеѓу нивниот сопствен недостаток на успех и нивната желба да се одржи позитивна слика за себе.
Негатовното однесување може да послужи како начин да се оправдаат сопствената несоодветност и да се заштити нивното его.

Еден филозоф кој го истражувал концептот на когнитивна дисонанца е германскиот филозоф Фридрих Ниче.
Во своите дела Ниче тврди дека луѓето имаат природна желба за конзистентност и кохерентност во нивните верувања и однесувања и дека искуството на когнитивната дисонанца се јавува кога овие верувања доаѓаат во конфликт.
Ниче верува дека ова искуство на дисонанца е неопходно за личен раст и само-трансформација, бидејќи ги принудува поединците да се соочат и да ги оспорат нивните постоечки верувања и вредности, што на крајот води кон нивниот развој и еволуција.

Една релевантна теза на Ниче е неговата теза “amor fati” латински израз кој значи “љубов кон судбината” или “љубовта кон својата судбина”. Ниче верувал дека поединците треба да ги прифатат сите аспекти од нивниот живот, и позитивни и негативни, и дека прифаќањето на нивната судбина ќе доведе до чувство на мир и задоволство.
Во случајот на личноста која е неспособна и се обидува да создаде негативна перцепција за својот успешен конкурент, Ниче согласно неговите тези може да тврди дека ова негативно однесување е вкоренето во подлабоко чувство на несигурност или незадоволство од сопствените способности.

Со прифаќање на нивната судбина и прифаќање на нивните сопствени ограничувања, Ниче би сугерирал дека поединците би можеле да се ослободат од потребата да се споредуваат и да се вклучат во негативно однесување кон нивните конкуренти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…