Груевски за образованието: Од главата си патиме!

t

Зошто некој се чуди што македонските универзитети ги нема ни во првите 2.000 на реномираните меѓународни рангирања?

Од главата си патиме! – пишува на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава во целост:

-Деновиве се објави новата листа на рангирање на универзитети во светот од универитетот во Шангхај, чија таква листа се смета за најрелевантна во оваа област и повторно се јавија зачудени и изненадени медиуми, аналитичари и други структури затоа што македонските универзитети не биле во првите илјада или во првите две илјади на оваа високо вреднувана ранг листа.

Незнам зошто се чуди некој?

Зошто македонските медиуми зачудено пишуваат и се прашуваат зошто е тоа така?

Македонските универзитети ниту се, ниту ќе бидат таму каде посакуваме, се додека нема радикални промени за кои немаше и се уште нема подготвеност, а сега веќе нема ни власт што е заинтересирана за тоа.

Главно затоа што македонските професори кои се определиле во животот да бидат професори и научни работници и самите се китат и се горди со таа ласкава титула, многу ретко а голем дел и воопшто не создаваат и објавуваат научни трудови во списанија со фактор на влијание, каде водечки е web of science. Се разбира не сите, но најголемиот број.

Ем сакаат да работат како научни работници и универзитетски професори и да земаат плата за тоа, ем да не се мачат да создадат научни трудови со квалитет минимум прифатлив за светската научна елита.

Најпрвин создадовме закон дека професорите мора годишно да создаваат по неколку научни трудови кои ќе бидат објавувани во меѓународни списанија, но не беше прецизирано во кои.

Балканската креативност преку ноќ профункционира кај нашата “елита” во образованието и за неколку месеци законската обврска ревносно се исполнуваше со објави на такви трудови во нерелевантни и во не многу напредните земји на балканот, односно во непознати балкански списанија кои излегуваа во помали градови од нашето опкружување како на пример во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Албанија и слично, каде нема никава проверка на квалитетот и вредноста на создадниот труд и каде се прифаќа сѐ.

Брзо свативме дека со таа измена речиси ништо не сме постигнале, освен дека имаме намера научните работници да станат навистина научни работници со редовна научна активност.

Инаку дотогаш, при прием на професори на универзитет, или при унапредување во научно звање, за научен труд се признаваа интервјуа и колумни во македонските весници, портали и телевизи, како и учество во дебатни емисии. Како во нај назадните земји во Африка.

Се разбира не беа сите професори такви, имаше и има професори кои редовно учествуваат и објавуваат научни трудови во најнапредните списанија со фактор на влијание во светот, но во најголем дел беше така.

Со обзир дека состојбата беше долго време таква, по долга анализа, консултации, подготовки и дискусии со многу луѓе познавачи на проблемот, вклучивајки и долгогодишни македонски професори на универзитети во напредни земји во Европа и САД, во 2014/2015 година се обидовме со новиот закон за високо образование да воведеме обврска за изработка на минимум такви научни трудови за сите професори во Македонија, за која тие би добиле и парична подршка од државата, а после неколку години редовност во објавите беше предвидено да добијат и трајно зголемување на нивната плата, со можност за дуплирање на платата.

Бевме спремни за конкретни преговори со професорите и универзитетите, мислевме дека ќе бараат аргументирани дискусии за тој закон.

На пример ако ни побараа уште повеќе буџетски пари за поткрепа за изработување на научните трудови и ако дадеа барем малку добри аргументи, бевме подготвени да ги обезбедиме само за работите да мрднат од мртва точка.

Размислувавме дали во тие преговори доколку тоа ни го побараат времено на приемр за првите 2-3 години да го прифатиме и Scopus, како второ по значње после Web of Science, иако шангајскиот универзитет при рангирањата ги прифаќа само трудовите на Web of Sience.

Бевме подготвени низ јавна дебата за дополнително подобрување на Законот во делот на некои специфични области како историјата, уметностите и некои други.

Бевме подготвени да разговараме член по член од Законот и ценевме дека тоа е добро и ќе ни помогне да имаме уште подобар закон.

Но, т.н. “Професорски пленум” силно подржан од опозицијата која е веќе над шест години власт, силно подржан и од повеќето НВО, и силно подржан од некои медиуми и новинари, чија задача беше рушење на таа власт, не бараше средби со нас за подобрување на Законот, туку охрабрен од протестите на студентите и масовноста на истите, бараа негово целосно повлекување.

На нашите повици да разговараме за текстот на Законот водачите на пленумот одбиваа средби за аргументирана дискусија, под разни некогаш и гротескни изговори, од типот дека не сакаат дебатата да биде во хотелска сала туку во парламентот, за потоа по пат да се предомислат и да не дојдат ни во парламентот.

Можеби несреќна околност беше што во истиот закон предвидовме за идните студенти, не за оние кои веќе студираат, туку за оние кои од следната студентска година ќе се запишеа на факултет, да има на половината на студирањето за првата половина, и на крајот на студирањето за втората половина од испитите, законски задолжителен државен испит по примерот на неколку европски земји.

Ова затоа што имавме јасни сознанија и докази дека критериумите за добивање оценка за знаењето беа драстично опаднати постепено по добивањето независност низ периодот на транзицијата, а денес осум години подоцна се уште повеќе и од тогаш, со чест на исклучоците.

Особено беше така на повеќето приватни универзитети, но “заразата” беше проширена до некаде и кај дел од државните универзитети и факултети, најмногу бидејќи беа загрижени за одливот на студенти на приватните универзитети каде се поминуваше полесно и се пари, односно бидејки кај повеќето од нив во Македонија важи правилото “Не сум платил за да учам”, што е сосема спротивнeн начин на размислување од напредните земји каде се плаќа за да се учи од најдобрите професори.

Испитот требаше да се полага надвор од универзитетот под перфектно обмислени услови во смисла се да е правично и чесно и технички гледано на тој дел неможеа да најдат замерка.

Законот имаше двојна цел: да ги поттикне и студентите и професорите да ги подкренат критериумите за потребно знаење при неговото отценување, а со тоа да излезат посилни и поконкурентни дипломирани академски граѓани на Македонија, па така низ годините и децениите Македонија да стане држава со поконкурентни, поспособни, со поголемо знаење и вештини граѓани, затоа што човековиот ресурс и неговиот квалитет е најважниот ресурс на една земја.

Иако актуелните студенти воопшто не ги опфаќаме во тој закон, професорите нескриено ги убедуваа студентите да протестираат како да нив ги опфаќа Законот, а кога професорите им велат на студентите наместо на настава да одат на протест пред влада, најголем дел тоа и го прават.

Студентите ги поставија за жив штит на нивната неволност, (а во некои случаи и неспособност) да создаваат конкурентни научни трудови со кои самите тие ќе беа горди, самите континуирано ќе се надградуваа, и патем ќе заработуваа многу повеќе, а македонските универзитети ќе добиеја повисок рејтинг.

Државата долгорочно ќе беше посилна во секој поглед.

За волја на вистината ние чувствуваме дека Законот ќе предизвика вознемиреност и не ставивме во него потреба од изработка на многу трудови, ниту пак доволно за споредба со некои понапредни земји.

Се одлучивме на “забрзана еволуција”, наместо “револуција” бидејќи знаевме дека и тоа ќе биде тешко да помине во нашето општество и ќе биде “дочекано на нож”.

Си рековме ајде сега да направиме напредок вака, па по 5-6 години одкако ќе видат дека не е ништо страшно, дека имаат корист од тоа, некоја тогашна идна влада ќе ја поткрене “летвичката” дополнително нагоре.

Ако добро се сеќавам ставивме обврска за создавање и објава по четири труда годишно на секој професор, а да речиме еден не професор, туку асистент на Колумбија универзитетот има или е дел од најмалку 10 научни трудови годишно.

Аргументот дека во други земји ова не се пропишува со закон, беше многу лесно решлив со фактор што сме на дното по вакви трудови во Европа, и под дното на рејтинг листите на универзитети како оваа на Шанхај.

Претходно како подготовка во еден 3-4 годишен буџетски период набавивме огромен број лабаратории за секој државен универзитет и факултети според желбите што само ги кажаа, и преведовме 1.100 стручни и научни книги од кои се учи во секоја област на првите десет рангирани универитети на светот, а од областа на правото од Франција и Германија, каде има континентално прво.

Бевме подготвени и да докупиме лабаратории и да допреведеме книги ако тоа беше потреба за овој проект.

Но, попусто. Ретко кој професор ги препорачуваше тие книги на студентите, давајки предност на таквите наместо на учебникот напишан од него. И лабараториите главно не се користеа доволно за научни цели, туку главно за комерцијални цели кои носеа дополнителни приходи на факултетите.

Бевме решиле да ги издржиме протестите кои беа мошне масовни, ние знаевме да издржиме протести кога веруваме во исправноста на одлуките, различно од овие денес кои под најмал притисок се повлекуваат и кога се во право, затоа што се слаби, а слаби се затоа што не работат, немаат стратегија и немаат резултати.

Бевме решиле и покрај огромната политичка подршка и вмешаност на опозицијата, НВО и дел од медиумите да издржиме во таа борба за напредок, затоа што во овој случај знаевме дека правиме добра работа за иднината на секој млад човек-студент, за секој професор и за Македонија.

Бевме подготвени за корекции на Законот во една стручна и рационална дебата, од која членовите на професорскиот форум бегаа, немајќи аргументи.

За жал по некое време одкако почнаа протестите ги добивме првите информации дека не очекува огромна “бура” , дека ќе започне жесток и тежок напад со т.н. “бомби”, што веќе знаевме дека е дел, но значаен дел, од една голема надворешна операција со цел промена на власта заради промена на името на државата, името на нацијата, името на јазикот и на историјата на Македонија.

Тогаш отценивме дека нема да имаме сили за повеќе од еден таков огромен фронт, и дека мораме итно да ги затвориме сите други помали фронтови, како што беа студентските протести и оние протести на т.н. “хонорарци” кои бараа и понатамунда не се плаќаат придонеси на хонорари по што сме единствена земја во Европа и што е дупка во Законот со денес, кој оваа влада се обиде но потоа се откажа од негово регулирање.

Под едни такви околности во 2015 година го повлековме Законот за високо образование.

Навидум професорскиот пленум и студентите “победија”.

Но, што добија од тоа?

И што доби Македонија?

Професорите добија можност и понатаму да се преставуваат како научни работници а да немаат редовно создавање на научни трудови како сите нивни колеги во земјите во Европа, Америка и други напредни земји кои се прифатени во списанија со импакт фактор. Зборувам за мнозинството професори, не за сите.

Со тоа ја загубија можноста и да заработат од тоа, да одат понапред со своето знаење во областа, континуирано да се надградуваат како експерти во своите области, да им дадат поголемо знаење на студентите и да бидат меѓународно препознатливи и конкурентни.

И да бидат горди на сего тоа!

Се откажаа од гордоста, во замена за конформизам и помалку работа.

Студентите се најголеми губитници иако повеќето можеби не се свесни.

Колку полесно и со помало знаење ги поминуваат испитите, толку помалку знаење ќе имаат во животот и работата и помалку конкурентни ќе се во нивната работа и струка, особено меѓународни конкурентни. После да не се чудиме зошто факултетско образовани од Макеоднија перат чаши во напредните држави.

Навидум сите среќни, а тажната приказна се продлабочува, и навистина не ми е јасно оние медиуми и аналитичари кои тогаш сето тоа го подржуваа, зошто денес се чудат што ниту во првите 1000, ниту во првите 2.000 универзитети нема Македонски универзитет.

Нема ни да има. Бидејки: од главата до патиме!

Но затоа во меѓувреме со цел за добивање квалитетни мигранти со слична и сродна култура, кои брзо би се вклопиле и ји биле од корист во системот, државата Словенија ги отвори вратите за македонските студенти да можат да студираат бесплатно во Словенија, им им овозможи третман како да се граѓани на Словенија, но слично е и во многу други понапредни земји каде заминуваат оние Макеоднски студенти желни за знаење и за конкурентни професори на светско ниво.

Се повеќе македонските универзитети снемуваат студенти со исклучок во делот на информатиката и неколку други технички струки.

На пример, правниот факултет во Скопје, пред само 7-10 години примаше по 900 до 1200 студенти годишно. Во последната уписна година минатото лето примија нешто над 200 студенти.

Голем дел заминаа да студираат во Словенија или во други земји кои бараат студенти што сакаат да учат и нудат професори со авторитет во науката кија треба да им ја презентираат.

Во причините за оваа ситуација во која на правниот факилтет на секој професор има по 2,5-3 ново примени студенти, секако влегуваат и одлучноста на младите трајно да ја напуштат Македонија заради хаосот во земјата во овие 6-7 години, па правниот факултет не им личи нај перспективен за наоѓање работа во друга држава, компромитираното судство и обвинителство, про што ако некогаш беше чест, денес со рејтинг од 1% доверба на јавноста повеќе е срам да се биде во професијата и правосудните институци, а и знаењето на адвокатите веќе не толку ценето кига стана очигледно дека одлуките во правосудството не зависат од квалитетот на одбраната на адвокатот туку од политчки или коруптивни фактори, и неколку други причини меѓу кои и демографијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…