Груевски за прв пат на јавноста и го објасни концептот на проектот Скопје 2014 во делот на спомениците и статуите
Во текот на оваа недела македонската јавност за прв пат следеше јавна пишана преписка помеѓу Георгиевски и Груевски на повеќе теми а главно расчистуваа стари сметки.
Како резултат на тоа иако кажано на маргините на преписката, македонската јавност прв пат се запозна со концептот на проектот “Скопје 2014” од аспект на изборот на спомениците и статуите, како и логиката по која се одело при нивниот избор, кој практично е одговор на многу шпекулации, политички мотивирани толкувања и погрешни интерпретации околу изборот на спомениците.
Вака поставени работите имаат многу јасна логика и паѓа во вода повеќе годишната кампања дека Груевски ја антиквизирал Македонија.
Од образложението произлегува дека проектот воопшто не се занимава со прашањето дали идентитетот на македонската нација е поврзан со античкиот период или периодот на словените, односно дали сме антички Македонци или Словени.
Сега стана многу јасно зошти има споменици и од едната и од другата епоха, и повеќе други.
Имено, концептот, според Груевски е над национален, и не оди по линија на идентитет на кој припаѓа нацијата, туку по линија на значајни авторитети поврзани територијално со Македонија, а во тие рамки, во тој поширок контекст има и дел фигури поврзани со македонската нација, при што Груевски потсетува дека пред француската револуција не постои концепт на нација и тие најмногу се создаваат во 19 и 20 век.
Концептот и критериумот според кој се одбрани спомениците се славни и значајни ликови од или поврзани со територијата на Макеоднија од различни времиња, при што меѓу нив има војсководачите, кралеви, цареви, револуционери, војводи, водачи на партизанското движење, просветители, светци, свештеници, уметници, и друго.
Тој исто така го објаснува и концептот на избор на ликови на кои се направени статуи на и околу двата моста: мостот “ОКО” чие вистинско име е “Мост на цивилизациите” како и “Мостот на уметноста”.
Еве дел од објавеното на Груевски кој се однесува на ова.
“Мојот втор одговор за “антиквизацијата” е дека таков процес воопшто не постоел и таа кованица е измислена од тогашната опозиција предводена од СДСМ, во која како коалициски партнер беше и Георгиевски.
Зошто го велам ова?
Од повеќе десетици спомен обележја и споменици во Скопје само два се од античкиот период. Од исто така повеќе десетици статуи на мостовите и околу нив , само неколку се поврзани со антиката.
Заради пропагандни цели, идејата на проектот Скопје 2014 беше со години вадена од контекст и лажно претставувана.
Имено идејата на проектот во историскиот дел, не беше само да се прикаже историјата на македонската нација, туку и историјата на нашето парче земја која тогаш се нарекуваше Република Македонија, што значи дека “Скопје 2014” беше над национален проект.
Освен што меѓу спомениците и статуите имаше и ликови на етнички Албанци, Власи и личности од други националности, тој проект ги постави и престави цивилизациите кои поминале на таа територија уште пред времето на формирање на нации по француската револуција а особено во 19 и 20 век.
Таму на пример е преставен Источен римски император од 527 година до неговата смрт во 565 година- Јустинијан I. Еден од најважните владетели на доцната антика, кој е најдобро запаметен по неговата реформа на правниот законик,познат и како „Последниот римски император“ и бил император кој повторно го освоил градот Рим од Остроготите. Тој е поставен на плоштадот затоа што е роден во Таор, во близина на Скопје (некогаш Скупи), токму заради тоа што таа светска историска личност која потекнува од оваа територија мошне успешно ја водел најмоќната сила во Европа и пошироко, во еден подолг период, во чии рамки била и денешна Македонија.
На “мостот на цивилизациите” како што се нарекува мостот кој води кон археолошкиот музеј, е и статуата на Цар Душан, не затоа што бил Македонец или ние сме Срби, или дека бил крунисан во Скопје, како што било, туку затоа што концептот на статуите на тој мост кој е своевиден влез во археолошкиот музеј за секој турист и посетител, е да се стават статуи од најавторитетни историски епохи и цивилизации од чие време се пронајдени и изложени артефакти во археолошкиот музеј. Статуите на мостот се предсобје на археолошкиот музеј.
Факт е дека Александар и Филип Македонски владееле на дел од територијата на денешна Република Македонија и факт е дека неговото кралство се нарекувало Македонија.
Затоа е на пример Филип втори таму, не навлегувајќи во детали дали Демостен, најславниот говорник и државник во Стара Атина бил во право или не кога за Филип втори говорел дека “не е ниту Хелен, ниту има нешто со Хелените, не е ниту варварин, туку е од чумата македонска од која човек ни роб не би купил”.
Нити пак затоа што на статуата на Демостен подигната во Атина пишува: “Да беше твојата сила Демостене еднаква на твојата мудра цел, никогаш грците не ќе беа управувани од македонскиот јарец”.
Концептот на проектот кој противниците го нарекоа “антиквизација” е над национален.
Поврзан е и со територијата и цивилизациите кои владееле на таа територија, кои цивилизации се дел од нашето и се разбира во голем дел од случаите не само наше наследство.
Поврзан е и со просветителството и христијанството преку спомениците и статуите на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум, Св. Никола, Св. Петар и Павле, пресвета Богородица, Св. Лидија (од Македонија), католичката светица Мајка Тереза итн.
Секако проектот е поврзан и со националните херои од 19 и 20 век, понатаму со најпознатите уметници од Македонија на мостот на уметноста итн.”
Линк од објавата на Груевски
https://www.facebook.com/share/p/tf5rLFwEUoFaaRVj/?mibextid=WC7FNe
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…
) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…