Груевски за Шaтев: Њујорк Тајмс уште во мај 1903 година прави разлика меѓу Македонци и Бугари!
ПАВЕЛ ШАТЕВ
По повод 73 години од смртта на Павел Шатев (15 јули 1972, Кратово — 30 јануари 1951, Битола) едно сеќавање за гемиџиите и за него како легендарен македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атенатори, подоцна еден од основачите на Македонската емигрантска федеративна организација и избран за нејзин претседател, подоцна основач и на ВМРО (Обединета), затвореник во Солун, и во Фазан во Сахара за време на османлиската империја, во Бугарија во втора светска војна и од “своите” во повоена Македонија. Интелектуалц, едуциран на најпознатите европски универзитети, мобилизиран и учесник во првата светска војна, активист меѓу македонската емиграција во Бугарија, адвокат, масон, соработник на претставниците на Коминтерната и СССР во Софија, а од 1923 година и професионален разузнавач за СССР, учесник во подготовката на Мајскиот Манифест во Виена, потписник на апелот до Македонците во Бугарија, член на президиумот на второто заседание на АСНОМ, а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство во слободна Македонија.
И потоа жртва на комунизмот по резолуцијата на Инфорбирото, држен во притвор во Скопје и интерниран во домашен притвор во Битола без дозвола за добивање лекарска помош.
Ова сеќавање е извадок од статија на еден од најпознатите дневни весници на светот на сите времиња Њујорк тајмс, САД од 2 Мај 1903 год. инаку превземено од “Македонија во странскиот печат Том I” од 2016 година 488-489, издание на Државниот архив на Република Македонија, креирано по моја иницијатива, и поддржано во целост со средства од буџетот на Република Македонија.
Интересен детал, и можеби на изненадување на некои кои тврдат дека пред 1944 година немало Македонци и дека сите биле Бугари, е што Њујорк Тајмс во мај 1903 година прави разлика меѓу Македонци (подолу за да е повоочливо ги напишав со големи букви) и Бугари.
* * *
Константинопол, 1 Мај
„Во Салоника е прогласена опсадна состојба.
Постои наредба за вонредни воени мерки на претпазливост насекаде во империјата, бидејќи се претпоставува дека би можеле да се појават обиди за анархистички злодела во Константинопол и насекаде, слични на оние во Салоника. Поттикнато е најголемо негодување.
Акцијата на Македонскиот комитет во насочувањето на напади врз странскиот имот очигледно била со цел да предизвика интервенција на силите.
Постои стравување дека злоделата би можеле да доведат до масакри врз МАКЕДОНЦИТЕ и Бугарите од страна на Муслиманите, кои се во состојба на опасна вознемиреност. Трезорот на Отоманската банка во Салоника, која била вчера разнесена е безбеден.
Њујорк Тајмс, 2 мај, 1903 година
* * *
Подолу и една негова мисла од триесетите години на дваесетиот век пренесена во “Македонската национално политичка мисла меѓу двете војни” од Иван Катарџиев, Култура, 1991 год.
“Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да може македонското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава… Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот…”
Во негова чест се постави споменик веднаш до Порта Македонија, а застапен е и на споменикот на гемиџиите до Камениот мост и до зградата на Водоводот во Скопје. Восочна фигура од него кига е во притвор и уметничка слика на која е претставен како ја носи и предава на родителите во Охрид главата на починатиот другар во Сахара од гемиџиите се дел од музејот на македонската борба за слобода во Скопје. Академијата на судии и обвинители веќе 15 години го носи неговото име.
Владата целосно финансираше издавање на неговите ракописи во девет книги и додатно други форми на книги за него
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…